Состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација Македонија - ЕУ

Последните случувања во врка со испонувањето на политичките и економските критериуми, како и напредокот на Македонија во усогласувањето со правото на ЕУ, беа теми на седмиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Република Македонија што заврши денеска во Скопје. Со состанокот претседаваше Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања, а делегацијата на ЕК беше предводена од Кристијан Хедберг, раководител на одделение во Генералниот директорат за проширување на ЕК. Како што се наведува во соопштението, политичките случувања во Македонија, на состанокот биле презентирани од вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски. Во врка со исполнување на политичките критериуми охрабрени се властите да ги завршат и усвојат измените на Изборниот законик и да го ажурираат Избирачкиот список. Во однос на политичкиот дијалог, поздравено е усвојувањето на Законот за Собрание, останува да бидат усвоени измените на Деловникот на Собранието за негово стабилно функционирање. На Македонија, исто така и се препорачува да продолжи со спроведувањето на Охридскиот договор.