Визна либерализација за БиХ и Албанија ако ги исполнат условите

Граѓаните на Босна и Херцеговина и на Албанија од оваа есен би можеле без визи да патуваат во земјите- членки на Европската Унија од шенген зоната, доколку двете земји ги зајакнат напорите за исполнување на бараните услови, соопшти шпанското претседателство со Унијата. Меѓу условите на прво место се наведува борбата против корупцијата.