Почнува театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

Со претставата „Тупаница полна со љубов“ од Дејан Дуковски во режија на Санди Лопичиќ во изведба на МНТ во Прилеп вечер почнува 45. меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. По тој повод петнаесетина прилепски сликари во центарот на градот ќе презентираат брзо сликање, а неколку музички групи ќе имаат настап на отворено. Во официјалната конкуренција за награди ќе се напреваруваат 11 претстави, шест ќе се изведат во придружната програма, а претставата „Крпен живот“ од Стале Попов во режија на Владо Цветановски ќе ја изведе ансамблот на прилепскиот театар во чест на наградените на затворањето на 10 јуни. Наградите за животно дело годинава ќе ги понесат актерите Ратка Чореска од Битолскиот театар, Мите Грозданов од Драмски и Чедо Христов од МНТ.