Егзекутирани 4 луѓе во Иран

Иранската полу-официјална новинска агенција Фарс денеска објави дека четири лица биле егзекутирани со бесење. Тие биле обвинети дека шверцуваат дрога. Иран има една од највисоките стапки на извршување на смртни казни во светот. Според исламските закони во земјата, убиство, прељубата, силувањето, вооружениот грабеж, трговија со дрога и одрекувањето од исламот, се казнуваат со смртната казна.