Милошоски:датум за преговори ќе ги забрза реформите

Ако Македонија добие датум за почеток на преговори, тоа ќе ја зголеми мотивацијата и ќе ги забрза реформите во земјата, изјавил министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Но и да не добие датум , земјата нема да се откаже од предвидените реформи, изјавил Милошоски. Министерот заедно со Премиерот Никола Груевски, со уште неколку министри и со претставница на ЕУ и НАТО во земјата, одржал редовна работна средба во Владата на Македонија.