Донесена Стратегијата за управување со јавниот долг

Собранието ја доднесе Стратегијата за управување со јавниот долг на Македонија во период до 2012-та година. Стратегијата предвидува нивото на државниот долг во наредните 3 години да не надминува 30 проценти од БДП, а нивото на вкупниот јавен долг да не е повеќе од 40 проценти од БДП. За пратениците од опозициската СДСМ, Стратегијата е заснована на нереални и нерелевантни податоци.