Во Москва, симулација на мисија на Марс

Шест луѓе од Европа, Русија и Кина започнаа со симулација на мисија на Марс. Симулацијата која ќе трае година и половина ќе се изведува во Москава. Екипажот за тоа време ќе живее во спартански услови во модел на вселенски брод и ќе спроведуваат строги експерименти и вежби. Симулацијата ќе им послужи во иднина за време на вистинки пат на Марс подобро да се справат со стресот и со заморот. Пред почетокот на симулацијата членовите на екипажот изјавиле дека се сигурни оти експериментот ќе успее. Симулацијатаа ќе трае 520 денови колку што во реалноста е потребо да се стигне до Марс, да се истражи планетата и да се вратат на Земјата.