Хејг - стратегиска грешка ако се забави ширењето на ЕУ

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека постои опасност од замореност на Европската унија за проширување. Според Хејг, некои земји сметаат дека актуелната криза во еврозоната ги намалува изгледите на Унијата во следните години да прими во своите редови уште нови членки, од редовите на Западен Балкан.
Во разговор за Би-Би-Си, Хејг рече дека ќе се случи историска и стратегиска грешка ако поради финансиската криза целосно запре, или се забави ширењето на Унијата.