Активистите од Флотилата за Газа дочекани во Турција како херои

Стотици депортирани лица од разни националности кои беа дел од флотилата која носеше хуманитарна помош за Газа пристигнаа во Турција, откако беа депортирани од Израел. Тие на аеродромот во Истанбул, од турскиот вицепремиер Булент Аринч и од пратеници на Меџлисот, беа дочекани како херои. Според властите од Тел Авив, кон Грција и кон Турција беа испратени деветмината убиени и 527-те приведени лица, Дел од активистите од бродовите се депортирани во Јордан.
Нападот врз хуманитарната флотила, од страна на Израел, кој не им дозволи на бродовите на влезат во Газа предизвика бура реакции во светот и ги наруши односите меѓу Израел и Турција. Најмалку 4 од загинатите и стотина активисти беа граѓани на Турција. Другите активисти беа од арапскиот свет, Европа и САД.