Продолжува состанокот за помирување во Авганистан

Околу 1600 авганистански племенски старешини, верски водачи и пратеници денеска во Кабул треба да ги продолжат разговорите за постигнување консензус за евентуален политички договор за решавање на конфликтот со талибанците и со другите милитанти.
На првиот ден од состанокот, вчера, тројца талибанци, преправени во жени, носејќи бурки ја поминале безбедносната контрола и пукаа недалеку од местото на кое се одржува состанокот. Двајца талибанци беа убиени, а третиот е уапсен. Ниту еден од учесниците на состанокот, односно џирхата не бил повреден.
Талибанците не учествуваат на џирхата зашто сметаат дека е трик подржан од Американците.