Партијата на Саакашвили победи на локалните избори во Грузија

Централната изборна комисија на Грузија, денеска ги објави конечните резултати од локалните избори. Според резултатите победила партијата на претседателот Михаил Саакашвили. На изборите учествуваа три коалиции и 14 самостојни партии за места во општинските совети кои бројат по 64 члена. И градоначалникот на главниот град Тбилиси е од партијата на Саакашвили.