Турција ќе остане без туристи од Израел

Изрелските туристи масовно ги откажуваа резервациите за летување во Турција,изјавил турскиот министер за култура и туризам Ертугрул Ѓонај. Откажани се повеќе од десет илјади резервации, како последица на новонастанатата криза меѓу Изрaел и Турција по нападот на хуманитарниот конвој. Турскиот министер изјавил дeка тие како земја немаат ништо против граѓаните на Изрaел но разбираат зошто се откажуваат посетите на Турција.