Средба Милошоски -Друцас во Сараево

Грција сериозно да размисли и на билатералното прашање за името да пристапи така како не би се нарушил процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија. Оваа порака му ја пренел министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на неговиот грчки колега Димитрис Друцас, на средбата во Сараево на маргините на состанокот „ЕУ-Западен Балкан“. Според Милошоски блокадите нема да им донесат полза ни на Грција , ни на Македонија.