Предмети кои му припаѓале на Черчил ставени на аукција

Голема колекција од дневници, писма, дури и цигари кои му припаѓале на некогашниот британски премиер Винстон Черчил ќе бидат ставени на аукција денеска. Се очекува заработката од продажбата да достигне 1, 5 милиони долари. Работите кои ќе бидат понудени на аукцијата се дел од приватната колакција на Черчил. На продажба ќе биде и дневникот на Черчил кој тој го водел од 1939 до 1945 за време на Втората светска војна., во кој се опишани средби како онаа со американскиот претседател Френклин Рузвелт, советскиот лидер Сталин и кралот на Британија, Џорџ Шести.