Експерти загинале при деактивирање на бомба

Тројца членови на тим за деактивирање на бомби загинале, а најмалку шестмина се повредени во германскиот град Готинген. Тимот се обидувал да деактивира бомба од Втората светска војна. За време на експлозијата сеуште траела евакуацијата на околу 7000 луѓе кои живееле во близина на местото каде била бомбата.