Македонските државјани притворени во Израел чекаат депортација

Тројцата македонски државјани кои беа во притвор во Израел, се пуштени од затвор и во моментот се наоѓаат на аеродромот во Тел Авив од каде ќе бидат депортирани во Турција или во Јордан, а од таму во Македонија, тврдат нивни роднини. Јасмин Реџепи, Сами Емини и Сеад Хасипи беа во хуманитарниот конвој кој беше нападнат од изрелските специјалци додека конвојот се обидувал за достави помош во појасот Газа. Пред депортацијата тројцата македонски државјани потпишале барање во кое потврдуваат дека нелегално влегле во Израел.