Воените трошоци во светот не се погодени од кризата

Глобалната економска криза малку се одразила врз воените трошоци во минатата година. Меѓународниот институт за мировни истражувања од Стокхолм соопшти дека за оружје биле потрошени 1,5 илјади милијарди долари, што е за 49 насто повеќе од 2000 година. Најмногу и натаму трошат Соединетите држави, по што следува Кина, а на третото место е Франција.