Папуљас и Тадиќ разговарале за спорот со името

На вчерашната средба меѓу претседателите на Грција и на Србија Каролос Папуљас и Борис Тадиќ во Атина, како што пренесува агенцијата АНА МПА, се разговарало и за грчко македонскиот спор за името. Не се соопштуваат повеќе детали за содржината на разговорите, но се посочува изјавата на Папуљас дека Грција имала искрена намера да се најде што е можно побрзо заедничкo прифатливо решение. Двајцата претседатели зброрувале и за европерспективата на државите од Балканот и за Косово.