Постапка за екстрадиција на македонските државјани

Почна постапката за екстрадиција на тројцата македонски државјани Јасмин Реџепи, Сами Емини и Сеад Хасипи кои беа во хуманитарниот конвој што беше нападнат од израелските специјалци во меѓународни води во близина на Појасот Газа. Според роднините на македонски државјани, тие потпишале барање за депортација во матичната земја во кое потврдуваат дека нелегално влегле во Израел. Од Министерството за надворешни работи потврдуваат дека се во постојан контакт со трите лица и оти тие воопшто не биле малтретирани.