Тајландскиот премиер останува на функцијата

Членовите на долниот дом на тајландскиот парламент гласаа против иницијативата за недоверба на владата на премиерот Анхисит Веџаџива. Тој во говорот пред пратениците најави дека ќе спроведе независна истрага за тоа дали армијата употребила прекумерна сила во расчистувањето на антивладините демонстрации во Бангкок. За време на десет неделните протести загинаа 89 цивили, додека 1800 беа повредени.