Динкиќ во посета на Македонија

Потпретседателот на српската влада и министер за економија Млаѓан Динкиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Скопје. Тој ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со вицепремиерот Владимир Пешевски. Главна тема на разговорите ќе биде унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји.