Мировен собир во Авганистан

Во Кабул денеска ќе се одржи три дневна мировна џирга на која ќе учествуваат околу 1600 законодавци и локални лидери од целата земја. Ваков собир обично се практикува кога земјата се соочува со проблеми, а на неа ќе се разговара за 36 годишната мировна програма на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и кој би можел да помогне во нејзиното остварување. Околу 12 илјади припадници на безбедносните сили ќе бидат задолжени за спречување на евентуални напади од Талибанците, кои се закануваат дека ќе ги убијат делегатите.