Азербеџан ќе го зголеми извозот на нафта и гас

Претседателот на Азербеџан, Илхам Алиев на меѓународната конференцијата во Баку за искористување на нафтата и гасот од Каспиското море изјави дека неговата земја ќе произведе околу 52 тони нафта и 30 билиони кубни метри гас оваа година. Алиев рече и дека по иницијатива на Русија и Европската унија Азербеџан во наредните пет до шест години планира преку гасоводите да извезува повеќе нафта и гас. Американскиот специјален претставник за евроазиска енергија Ричард Морнингстар, кој беше присутен на конференцијата изјави дека ваквиот чекор на Азербеџан ќе помогне во подобрување на енергетската безбедност на потрошувачките земји.