Борис Тадиќ во посета на Грција

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска ќе допатува во тридневна посета на Грција. За првиот ден од престојот предвидени се негови средби со грчкиот претседател Каролос Папуљас, со претседателот на парламентот Филипос Пецалникос и со архиепископот на грчката православна црква Еронимос Втори. Тадиќ ќе положи венец на Гробот на незнајниот јунак.