Клаус чека коалициски договор за нова чешка влада

Чешкиот претседател Вацлав Клаус, по вчерашните состаноци со лидерите на сите пет партии во Пратеничкиот дом на парламентот, одби да му го довери мандатот за составување влада на победникот на изборите, социјалдемократите, затоа што немаат со кого да ја состават владата. Клаус ќе почека да види дали за коалициска влада ќе успеат да се договорат трите партии на десницата и центарот, кои заедно на неодамнешните избори имаат мнозинство од 118 пратеници од вкупно 200 во Долниот дом.