Уапсени двајца лидери на Ал Каида во Ирак

Ирачките власти вчера соопштија дека го уапсиле воениот водач на Ал Каида во Багдад, обвинет за планирање на нападите врз хотели и амбасади во јануари и април годинава. Претставник на армијата изјави дека 26- годишниот Абу Абдалах ги планирал бомбашките напади врз три хотели во Багдад, во кои загинаа 36 лица, како и самоубиствените напади врз неколку амбасади, во кои загинаа 30 луѓе. Уапсен е уште еден претставник на Ал Каида во Ирак, кој бил задолжен за единицата која ги извела нападите.