Германскиот претседател ќе отстапи од функцијата

Претседателот на Германија Хорст Келер денеска најави дека ќе отстапи од функцијата. Потегот следи по критиките за неговите изјави во врска со германската мисија во Авганистан. Претходно, во радио интервју Келер изјави дека германската јавност мора да се помири со реалноста дека нивната земја мора да војува во странство, со цел да се заштитат националните интереси. Оваа изјава на претседателот беше остро критикувана.