Нема основа за нова истрага за масакрот во Катјин?

Нема правна основа за нова истрага на масакрот во Катјин во 1940 година, изјави денеска висок руски службеник. Интересот за убиствата на илјадници полски службеници од страна на советските сили поовторно се актуелизираше откако Русија и Полска се одлучија да ги зајакнат билатералните односи. Советскиот сојуз ја превзема одговорноста за масакрот во 1990 година но истрагата за масакрот заврши во 2004 година, откако инцидентот не беше прогласен за геноцид. Рускиот претседател Димитриј Медведев испрати неколку тома документација од истрагата до полските власти. Рускиот јавен обвинител Сергеи Фридински денеска изјавил дека нема потреба за нова истрага за случајот.