Раст на индустриското производство во Јапонија

Јапонските власти соопштија дека индустриското производство во земјата се зголемило за 1,3 проценти во Април во споредба со Март годинава. Според податоците на јапонскиот Државен завод за статистика, растот се должи на зголеменото производство во машинската и металуршката индустрија. Раст од 0,3 проценти е забележан и во извозот.