Министрите за одбрана од ЈИЕ изразија жалење за инцидентот кај Газа

Министрите и замениците министри за одбрана кои учествуваат на дводневната Регионална конференција за НАТО интеграциите на земјите од Југоисточна Европа, денеска изразија жалење за операцијата на израелската армија против хуманитарен конвој во Средоземното Море, заради што министерот за одбрана на Република Турција Веџди Ѓонул предвреме си замина од Битола и се врати во Анкара. Учесниците на конференцијата потврдија дека собирот ги исполнил нивните очекувања и оти стратегиите на сите држави се поврзуваат во една заедничка, а тоа се евроатлантските интеграции и перспективи.