Светски реакции по израелскиот напад врз флотилата со помош за Газа

Во светот има силни реакции по нападот на израелските командоси врз флотилата со хуманитарна помош наменета за Газа во кој имаше најмалку 10 загинати активисти. Покрај Турција реагираше и Грција која се повлече од заедничката воена вежба со Израел. Загриженост изразија и Европската Унија, Германија, Франција и Иран. Инцидентот се случи денеска во предвечерието на состанокот во Вашингтон меѓу Претседателот Барак Обама и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.