Турскиот министер за одбрана ја напушти Конференцијата во Битола...

Министерот за одбрана на Република Турција Веџди Ѓонул поради операцијата на израелските воено-поморски сили врз меѓународната флотила која носеше хуманитарна помош кон појасот Газа, предвреме замина од Регионална конференција за НАТО интеграции на ЈИЕ што се одржува во Битола. Пред почеткот на Конференцијата, се обрати турскиот амбасадор во Македонија Арслан Окчал кој истакна дека министерот Ѓонул одлучил да се врати во Турција откако добил порака дека имало оружен напад и цивилни жртви врз конвојот со бродови во Средоземното Море.