Израелците ја нападнаа флотилата за помош на Газа - 10 мртви

Според израелската радио-телевизија, најмалку 10 лица се убиени кога израелската морнарица пресретна конвој со хуманитарна помош за Појасот Газа. Израелската армија воспостави информативно ембарго за жртвите кои се префрлени во израелските болници. Флотилата од 6 бродови со хуманитарната помош и околу 700 про - палестински подржувачи формирана во Турција тргна од Кипар и беше пресретната од израелските командоси рано изутрината. Според Ал Џезаира и Турската НТВ, израелските сили отвориле оган и убила две лица. Турското министерство за надворешни работи изутрината го повика изралскиот амбасадор Габи Леви за да му врачи протестна нота. Пред израелскиот конзулат во Истамбул се распоредени силни турски сили откако лути демонстранти за момент влегле во кругот на Конзулатот.