Времето променливо, попладне дожд и грмежи

Времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне западните делови, а во текот на ноќта и останатите делови од земјата, ќе бидат зафатени од поројни врнежи, засилен ветер и грмежи. Пообилни врнежи и електрични празнења се очекуваат во текот на ноќта. Утринската температура се движи од 9 до 16, а дневната ќе биде од 23 до 31 степен.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со умерен југозападен ветер, а попладне се очекуваат врнежи и грмежи. Температурата ќе се движи од 15 до 27 степени.