Завршија протестите во Косово

Завршија судирите меѓу косовските Срби и Албанци, на мостот на реката Ибар, што го дели градот Косовска Митровица, откако Србите се разотидоа, соопштија белградските медиуми. Пред тоа, двете страни се гаѓаа со камења, а Албанците, кои протестираат против спроведувањето на локалните избори во српскиот дел на градот, се обидоа да минат преку мостот. Обидот беше спречен од силите на КФОР и полицијата на ЕУЛЕКС, кои го блокираа мостот со тенкови и воени возила.