Хрватскиот претседател во посета на Република Српска

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ денеска допатува во Република Српска, во прва посета на шеф на хрватска држава на тој ентитет во Босна и Херцеговина во последните 15 години. Тој во Дервента се сретна со претставници на хрватските партии во БИХ, а потоа и со премиерот на Република Српска Милорад Додик. Јосиповиќ во Република Српска допатува по состанокот на Игманската иницијатива во Сараево, од каде лидерите од регионот во заедничка декларација испратија порака за соработка и унпаредување на довербата на заедничкиот пат кон Европската унија.