Локални избори во Грузија

Денеска во Грузија се одржуваат локални избори на кои ќе се гласа за градоначалници на општини како и градоначалник на Тбилиси. Најмногу внимание му се посветува на изборот на градоначалник на главниот град, бидејки кандидатот кој ќе ја добие оваа позиција ќе може да се кандидира за претседател, откако мандатот на актуелниот шеф на државата Микаил Сакашвили ќе заврши во 2013 година. Сојузникот на Сакашвили и актуелен градоначалник на Тбилиси, Гиги Угулава води во трката и според првичните анкети, тој е на прво место пред останатите осуммина противкандидати.