Триесетмина загинати во сообраќајка во Индија

Триесетмина патници меѓу кои и десет деца загинаа во сообраќајка во Бангалор во југот на Индија. Автобусот се запалил откако се удрил во полициска блокада на патот, јави новинската агенција „Прес Траст“. Триесетмина се повредени во несреќата. Возачот на автобусот е меѓу загинатите.