Фејт: ЕУ нема да ги признае резултатите од изборите во северно Косово

Европската унија нема да ги признае резултатите од утрешните локални избори, организирани од Србија во северно Косово, изјави шефот на меѓународната цивилна мисија и висок претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт. Тој нагласи дека стратегијата на неговата канцеларија за интеграција на северниот дел на Косово и натаму е актуелна. Фејт изрази надеж дека интеграцијата ќе биде реализирана по моделот применет во општините јужно од реката Ибар.