Заврши дводневното гласање на парламентарните избори во Чешка

Со затворање на гласачките места денеска заврши гласањето на парламентарните избори во Чешка. Излезеноста на изборите била околу 60 проценти, откако повеќе од осум милиони жители го искористиле правото на глас, јави чешката новинска агенција „ЦТК“. Според последните анкети, ниту една од партиите нема да го освои потребното мнозинство за самостојно да формира Влада. Според анкетите, социјалдемократите на Јиржи Пароубек би добиле над 26 насто од гласовите, додека за Партијата на граѓанските демократи ОДС би гласале 22,9 проценти од гласачите. Се проценува дека 7 политички партии ќе освојат места во Парламентот.