За ПЕУ не постои проблем со името на Македонија

За Меѓународната паневропска унија (ПЕУ) не постои проблем со името на Република Македонија. „Ние отсекогаша сме ја нарекувале така и не гледам зошто би го смениле тој назив дури и ако претставува проблем, тешкотија што веќе ја знаеме, а би требало да се надмине од двете засеганите страни . Ако, евентуално има потреба, тоа најверојатно ќе биде направено под притисок на другите партнери на ЕУ“ рече денеска Ален Тереноар, меѓународен претседател на ПЕУ. Тој порача дека Европа е создадена врз основа на волјата да се надминат внатрешните непријателства меѓу земјите членки од минатото. Меѓународната паневропска унија е најстара невладина организација во Европа.