Укинат полицискиот час во Бангкок

Тајландските власти го укинаа полицискиот час во главниот град Бангкок и неколку провинции, кој беше воведен по минатонеделните насилства и пиромански напади. Премиерот Абхисит Веџаџива изјави дека нема потреба од продолжување на полицискиот час бидејќи ситуацијата сега е под контрола. Забраната за движење во ноќните часови беше воведена на 19 мај откако во судирите меѓу полицијата и поддржувачите на поранешниот премиер Таксин Шинаватра загинаа најмалку 85 лица.