Регионалната соработка по Дејтон, тема на Игманската иницијатива

Денеска во Сараево ќе биде одржана сесија на таканаречената Игманска иницијатива по повод 10- годишнината од нејзиното постоење. Најавено е присуството на претседателите на Србија, Хрватска и Црна Гора, како и на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина. По завршувањето на состанокот на тема „ унапредување на регионалната соработка и заедничката европска иднина на регионот“, се очекува шефовите на држави да усвојат заедничка декларација. Игманската иницијатива е коалиција на невладини организации од земјите од регионот, чија активност е насочена кон брза нормализација на односите меѓу земјите потписнички на Дејтонскиот договор.