Добра соработка меѓу полициите на Австрија и на Македонија

Македонската и австриската полиција имаат континуирана соработка која се одвива во духот на професионално добрите пријателски односи, оценија по денешната средба во Скопје директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Љупчо Тодоровски и австрискиот директор на Одделот за јавна безбедност Херберт Андерлм, кој ја предводи делегација на австриската полиција што се наоѓа во работна посета на Македонија. Сузбивањето на криминалитетот, на трговијата со луѓе и со дрога, илегалната миграција, фалсификување пари, како и финансискиот криминал, беа дел од темите на средбата Тодоровски и Андерлм.