Медведев во наредната недела во Германија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев во наредната недела ќе оствари дводневна официјална посета на Германија. Предвидени се разговори со германската канцеларка Ангела Меркел, како што е соопштено во Берлин, за билатералните односи како и за евентуалните нови санкции против Иран, ситуацијата на Блискиот Исток, и за регулацијата на финансиските пазари.