Ал Каеда со нов лидер во Јемен, бивш затвореник од Гуантанамо

Крилото на Ал Каеда во Јемен објави видео на кое е прикажан саудиецот Отман Ахмед ал Гамди како лидер на оваа група. Ал Гамди по 4 години затвор во Гауантанамо, каде што беше донесен по заробувањето во Авганистан, беше ослободен во 2006 година. Запад е загрижен за безбедносната закана од Јемен откако Ал Каеда ја прифати одговорноста за пропаднатиот бомбашки напад врз американскиот патнички авион во Декември 2009.