Парламентарни избори во Чешка

Во Чешка денеска и утре се одржуваат парламентарни избори на кои, според последните анкети, ниедна од партиите нема да го освои потребното мнозинство за самостојно да формира Влада. Според анкетите социјалдемократите на Јиржи Пароубек би добиле над 26 насто од гласовите, додека за Партијата на граѓанските демократи ОДС би гласале 22,9 проценти од гласачите.