Убиени 4 полицајци во Кета - Пакистан

Напаѓач возејки мотор стрелал врз полициско возило при што ги убил сите 4 полицајци. Инцидентот се случи во Кета, главен град на пакистанската провинција Белучистан на границата со Иран и Авганистан. Во оваа провинција се активни исламските милитанти, а има и верски насилства меѓу мнозинските суните и малцинските шиити.