Тирана е најзагадена европска метропола

Нивото на загаденост на воздухот во Тирана е околу 30 насто или трипати над дозволената граница според стандардите на Европската Унија и Светската Здравствена Организација, поради што и натаму се смета за најзагадена европска метропола.
Ова го потврдија мерењата на Институтот за јавно здравје на Албанија, јави МИА. Загадувањето на воздухот главно е последица на издувните гасови на старите моторни возила, големата активност на градежната оператива, како и разни други согорувања. Како последица на тоа зголемен е бројот на различните заболувања, а намалена е старосната граница на жителите на метрополата.