Иванов-Басеску:потребна е поголема економска соработка

Потребно е подобрување на економската соработка меѓу Македонија и Романија, заклучија претседателите на двете земји Ѓорге Иванов и Трајан Басеску во обраќањето на Македонско-романскиот бизнис форум „Унапредување на билатералните економски односи“ во Стопанска комора на Македонија. Басеску се сретна и со премиерот Никола Груевски, кој го информираше дека Македонија има интерес за потпишување на договор со Романија за економска, научна и техничка соработка и договор за соработка во областа на здравството и медицинските науки.